дома Економија Битиќи: Вонинституционално задолжување ja носиу МАкедонија во БАНКРОТ

Битиќи: Вонинституционално задолжување ja носиу МАкедонија во БАНКРОТ

38

– „Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „24 Анализа“, која вчера вечер се емитуваше на телевизија 24.

Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП

 

Коментирајќи ја најавата на Христијан Мицкоски за задолжување на државата од една милијарда евра, Битиќи посочи дека во јавноста имаме промена на реториката, она што до вчера беше важно, веќе денес се релативизира.

„Одеднаш се зборува дека  не е важно колкав е процентот на јавниот долг, до вчера беше, не е битен начинот на задолжување, до вчера беше, не е битно кој ти дал овластување за да преговараш за долг од една милијарда евра, до вчера беше, сега се тоа не е важно, важно е само да се дојде до една милијарда евра“, рече Битиќи и посочи дека станува збор за вонинституционално преговарање за кое Мицкоски никој го нема овластено да го прави тоа.  “Треба прво да се формира влада, да се влезеле во институциите, па институционално да се водат преговорите за задолжување, па потоа да се каже исходот од задолжувањето“, нагласи Битиќи и додаде дека станува збор за нелегитимно преговарање во четири очи за задолжување на државата.

Пратеникот Битиќи истакна дека со задолжувањето на овој начин се испраќа порака дека идната влада сака да се откаже од 840 милиони евра од Европската комисија, наменети за Македонија преку Планот за економски раст на ЕУ.

„Тоа се средства со кои државата се обврзува да направи одредени реформи, кои се со подобри и поповолни услови отколку позајмицата од една милијарда евра“, рече Битиќи

ПредходнаФилипче: Претседателите на општинските организации ќе се бираат на непосредни внатрепартиски избори
СледнаМакрон: Нема да поднесам оставка без разлика на резултатот од француските избори