дома Спорт Нагелсман пишува историја како најмлад селектор на европските првенства

Нагелсман пишува историја како најмлад селектор на европските првенства

35

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман ќе влезе во историјата на европските првенства како најмлад тренер.

„Вундеркиндот“ има само 36 години и 327 дена, со што го надмина претходниот рекорд во овој поглед за само 6 дена. Сречко Катанец имаше 36 години и 333 дена на првиот натпревар на Словенија на ЕП 2000 година.

Најстариот тренер на Евро 2024 е Австриецот Ралф Рангник, кој има 65 години.

Според неофицијални податоци, Нагелсман е вториот најплатен селектор на репрезентација меѓу учесниците на ЕП 2024 со плата од 4,8 милиони евра. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт зема 1 милион повеќе од него.

ПредходнаСаутгејт: Ќе се обидеме да направиме нешто што на ниту еден англиски тим му нема успеано досега
СледнаСпалети воведе строги правила за Италија за време на Евро 2024