дома Спорт Наполи упатил барање до Челси за Лукаку

Наполи упатил барање до Челси за Лукаку

22

Наполи упатил барање до Челси за тоа колку би чинел евентуален трансфер на напаѓачот Ромелу Лукаку, пишува „Газета дело Спорт“. Италијанскиот клуб ќе преговара со лондончани околу условите за привлекување на 31-годишниот играч.

Лукаку е во многу блиски односи со новиот селектор на наполитанците, Антонио Конте. Под негово водство, Белгиецот ја освои Серија „А“ со Интер во сезоната 2020/21. После тоа, двајцата продолжиле често да комуницираат.

Челси сака да добие меѓу 40 и 45 милиони евра при евентуален трансфер на голгетерот, но Наполи не е подготвен да плати толку сериозна сума. Раководството на италијанскиот тим ја разгледува можноста да го земе Лукаку на позајмица, но лондончани сакаат трајно да се разделат со својот напаѓач. „Сините“ го купија голгетерот за 115 милиони евра, а актуелниот договор му истекува летото 2026 година.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Евертон и Андерлехт минатата сезона играше како позајмен во Рома. Лукаку постигна 21 гол на 47 натпревари за тимот на „волчицата“.

ПредходнаСпалети воведе строги правила за Италија за време на Евро 2024
СледнаЛегенда на Борусија Дортмунд го презеде тимот