дома Свет Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина

Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина

32

 Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е во позиција“ да бара Украина да ја прекине војната.

„Тој не е во позиција да ѝ диктира на Украина што треба да направат за да воспостават мир“, изјави Остин за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Претходно денеска Путин изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите региони на Русија и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да започнат мировните преговори.

ПредходнаОпштина Кочани ќе обезбеди еден милион денари за набавка на морски алги за третирање на комуналната депонија
СледнаЏулијан Смит за МИА: НАТО на Самитот во Вашингтон ќе промовира нови политики за кибер безбедност