дома Свет Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи...

Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни

24
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни

 – Американската телевизија Си-Ен-Ен ги објави правилата на дебатата на која се согласија кандидатите на претстојните претседателски избори, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни.

И двајцата претседателски кандидати ќе се појават на подиум кој ќе изгледа исто, а кој ќе им биде доделен со фрлање паричка, јави Си-Ен-Ен.

Модератори на дебатата, која ќе се одржи во Атланта, Џорџија, ќе бидат водители на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер и Дејна Беш, а Трамп и Бајден за време на дебатата ќе имаат само хартија, пенкало и шише вода.

-Микрофоните на кандидатите ќе бидат исклучени за време на дебатата, освен кога ќе им дојде редот да зборуваат, соопшти Си-Ен-Ен, додавајќи дека модераторите „ќе ги користат сите расположливи средства“ за да обезбедат навременост и цивилизирана дискусија.

ПредходнаВештачката интелигенција го револуционизира учењето на странски јазици
СледнаВтор ден од мировниот самит за Украина во Швајцарија