дома Политика МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВА НА СЛОБОДА Поранешниот министер помина 6 години во...

МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ДЕНЕСКА ИЗЛЕГУВА НА СЛОБОДА Поранешниот министер помина 6 години во затвор

25

Денеска, по цели шест години, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.

Информацијата за МКД ја потврдија и од затворот во „Идризово“.

Јанакиески издржуваше затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“.

 Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколку пати беше во притвор и во куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во „Идризово“, а потоа во „Шутка“.

Јанакиески доби условен отпуст со одлука донесена од Апелацискиот суд Скопје. Од формирањето на СЈО, Јанакиески кривично беше гонет за неколку судски случаи.

На поранешниот министер за транспорт и врски незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“, пресуди минатата година Европскиот суд за човекови права.

Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета од 3.900 евра, пресуди Европскиот суд за човекови права.

ПредходнаНАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност
СледнаЕУ со амбиција да остане глобален лидер во третманите со медицински радиоизотопи