Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“ поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.
-Ова нема да функционира на долг рок, изјави Столтенберг во интервјуто за време на посетата на Вашингтон.
Во опширното интервју Столтенберг зборуваше и за нуклеарното оружје и трошоците за одбрана. Запрашан што би можеле да направат членките на НАТО во врска со поддршката на Кина за Русија, Столтенберг рече дека има „тековна дискусија“ за можните санкции.
Столтенберг е во посета на Вашингтон. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска оди во Северна Кореја. Минатиот месец беше во Кина.
-Русија во моментов се повеќе се усогласува со авторитарните лидери, изјави Столтенберг.
Тој рече дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија, а за возврат Русија обезбедила напредна технологија за ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.
-Така Северна Кореја и помага на Русија да води агресивна војна против Украина, заклучи генералниот секретар на НАТО.
Leave a Reply