дома Култура „Хамлет“ од Битола, победник на 51. ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

„Хамлет“ од Битола, победник на 51. ИНФАНТ фестивал во Нови Сад

27

Својата едногласна одлука жирито при доделувањето на наградата – статуетка изработена од академскиот скулптор Александар Бунчиќ ја образложи со следните зборови: Едноставност и прецизност на режисерската постапка, изедначена и силна изведба на ансамблот, визуелно и музички имагинативно, концизно и конкретено.

Сето тоа го прави битолски Хамлет комплетна и вредна претстава, а во духот на најдобрата традиција на овој фестивал.

Во претставата по текст на Колтес во режија на Марјан Неќак играат актерите Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.

Овогодинешната театарска ревија, која беше во избор на режисерот Александар Поповски, собра претстави од регионот со цел да ги прикаже аспирациите и движењата на алтернативната и современа театарска продукција во овој дел од Европа.

На 51 ИНФАНАТ беа изведени претставите „Сирано“ на Југословенскиот драмски театар, претставата „Хамлет – денот на убиството“ на Народниот театар од Битола и претставата „Збиља“ во изведба на Хрватскиот народен театар од Загреб.

ПредходнаГрчки медиуми: Мицкоски заклетвата ќе ја даде со уставното име
СледнаКнижевна средба со Матијас Енар, лауреат на Гонкуровата награда