дома Спорт Скандал: АЛБАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МЕГАФОН ГИ ПЦУЕ МАКЕДОНЦИТЕ И СРБИТЕ!

Скандал: АЛБАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА МЕГАФОН ГИ ПЦУЕ МАКЕДОНЦИТЕ И СРБИТЕ!

24

Албанскиот фудбалер Мирлинд Даку предизвика скандал по ремито на Албанија против Хрватска во 2 коло од Европското првенство во Германија.

Со гол во судиското продолжение, Албанија изедначи на 2-2 и успеа да и земе бод на Хрватска. Покрај сензационалниот резултат, натпреварот го одбележаа бројни провокативни пораки од албанските навивачи на трибините. Но уште поголем скандал предизвика Даку кој по натпреварот го зеде навивачкиот мегафон и заедно со публиката упатуваше пцовки за Македонците и за Србите, пренесува Спорт1.

УЕФА веќе ѝ изрече казни на албанската фудбалска федерација за однесувањето на навивачите  со 10.000 евра за палење факели, 12.375 евра за фрлање предмети, 5.000 евра за навивачите кои упаднаа на теренот и 10.000 евра за пораките што беа видени на трибините.

Најверојатно ќе има и дополнителни казни за Албанија за однесувањето на навивачите и на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска на кој од трибините на стадионот во Хамбург се слушаа извици како „Убиј го Србинот“ и „Срби на врбите“. А, сигурно нема да остане без санкција ни испадот на Даку.

ПредходнаМишел и ЕК го поздравија договорот за новиот пакет санкции кон Русија
СледнаФФМ: Албанскиот репрезентативец Даку да се извини, неговото однесување скандалозно