дома Балкан Компјутерска измама во Албанија, премиерот Рама со апел до граѓаните да бидат...

Компјутерска измама во Албанија, премиерот Рама со апел до граѓаните да бидат многу внимателни

37

 Компјутерска измама е направена во Албанија каде граѓани се оштетени од лажни пораки наводно упатени, претходно од институции, а сега и од познати јавни личности.

Премиерот Еди Рама преку реакција на социјалната мрежа „Икс“ ги повикува граѓаните кои добиле пораки на име на јавни личности однапред да ја проверат автентичноста на испраќачот, за да ја избегнат замката на оваа криминална игра.

Рама пишува дека државната полиција приведе и изведе пред лицето на правдата дел од овие измамници, кои успеале да земат пари од граѓани.

-Измамата со компјутери кои имитираат телефонски броеви за да испраќаат лажни пораки погоди неколку луѓе до денес. Државната полиција приведе и изведе пред лицето на правдата дел од овие измамници, кои успеале да земат пари од жртвите, наведува Рама.

Тој со порака-предупредување до граѓаните да бидат многу внимателни.

– Додека полицијата продолжува со работата за идентификација на други лица, ги предупредувам сите кои добиваат пораки на име на јавни личности, однапред да ја проверат автентичноста на испраќачот, за да ја избегнат замката на оваа криминална игра, порачува Рама.

Според медиумите, оваа виртуелна шема долго време се користи не само во име на разни институции, туку сега и на познати јавни личности, каде што има случаи на манипулации со праќање пораки како да тоа го прават политичари.

-Реакцијата на премиерот Рама покажува потреба да се посвети поголемо внимание на оваа појава констатираат медиумите.

ПредходнаМицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска влада
СледнаВраќање на довербата во институциите, елиминирање на корупцијата, владеење на правото, економски прогрес – приоритети на новата влада