дома Општество МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно...

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата

35

   Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација.

МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни.

-Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан. Како и секогаш, ние ги ставаме сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани, наведува МНР и посочува на СОС дежурниот телефон +389  75 268 736, како и на електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk.

ПредходнаЗошто Грција воведува шестдневна работна недела?
СледнаФилипче: Формирањето на Комисијата за етика е чекор кон создавање подемократска и поодговорна СДСМ