дома Бизнис Просечната плата во април 41.085 денари

Просечната плата во април 41.085 денари

37

  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Образование за 21,8 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 18,6 и Информации и комуникации за 18 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, пак, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 6,3 отсто, Информации и комуникации за 5,7 и Транспорт и складирање за 4,9 отсто.

ПредходнаВучиќ: Европа и светот ги чека тежок период, полицијата мора да ја обезбеди секоја педа од Србија
СледнаНови научни сознанија за причините и појавата на пелтечењето