дома Свет Балкан Вучиќ и Курти потврдиле присуство в среда во Брисел

Вучиќ и Курти потврдиле присуство в среда во Брисел

Високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел ќе биде домаќин на средба на високо ниво како дел од дијалогот Белград-Приштина в среда, на 26 јуни, а учеството го потврдија српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, од 15 часот ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи трилатерална средба.

На средбите ќе се разговара за досега постигнатото во дијалогот, како и за понатамошните чекори. Најавено е дека Жозеп Борел ќе даде изјава за медиумите пред и по средбите.

ПредходнаA kако назначувањето на Руте за генерален секретар на НАТО ќе влијае на Западен Балкан?
СледнаКон крајот на неделата прва владина седница, почнува драфтирањето на законот за линеарно зголемување на пензиите