дома Македонија Политика Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да...

Честитка од Агелер за изборот на новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер денеска на нејзиниот профил на платформата „Х“ го честиташе изборот на новата Влада.

-Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економијата, енергетиката и развојот на инфраструктурата, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат, стои во честитката од Агелер.

ПредходнаНимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија
СледнаМВР: Заканите кон судија на Уставен суд биле преку социјална мрежа