дома Култура Гала балетски концерт во НОБ

Гала балетски концерт во НОБ

21
Гала балетски концерт во НОБ

  Гала балетски концерт, ќе се одржи вечер со почетокот во 20 часот на сцената на Националната опера и балет, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ 2024.

На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев. Концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.

Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро“ од П. И. Чајковски, „Дон Кихот“ од Л. Минкус, „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски, „Оревокршачка“ од П. И. Чајковски, „Рајмонда“ од А. Глазунов и многу други.

ПредходнаВо Србија во 2022 година речиси половина од смртните случаи биле поради кардиоваскуларни заболувања
СледнаДЗР ги објави конечните ревизорски извештаи за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алтернатива