– Момче со потежок облик на епилепсија е првиот пациент во светот на кого му е вграден новиот уред за контрола на напади, директно во неговиот череп и чија состојба е значително подобрена, објави „Би-би-си“.
Операцијата е направена во октомври 2023., како дел од испитувањето во болницата „Грејт Ормонд стрит“ во Лондон, во соработка со Универзитетот на Оксфорд. Оран Ноулсон тогаш имал 12 години. Момчето од Сомерсет има Ленокс-Гасто синдром, вид на епилепсија отпорен на стандарден третман којшто се развил на тригодишна возраст. Операцијата траела околу осум часа. Оттогаш, тој има напади кои се движеле од 20 до неколку стотици секој ден.
Невростимулаторот којшто испраќа електрични сигнали длабоко во мозокот, ги намали дневните напади на Оран за 80 отсто.
Неговата мајка Џастин изјави дека сега Оран е посреќен и има многу поквалитетен живот.
Оран е вклучен во проектот „КАДЕТ“ – низа испитувања што ја проценуваат безбедноста и делотворноста на длабоката мозочна стимулација за потешките видови епилепсија.
Инаку, епилептичните напади се активираат од абнормални изливи на електрична активност во мозокот. Целта на уредот, којшто емитува постојан пулс на струја, е да ги блокира или прекине тие абнормални сигнали.