дома Балкан По 9 месеци пауза – Нова рунда од дијалогот Белград – Приштина...

По 9 месеци пауза – Нова рунда од дијалогот Белград – Приштина на високо ниво ќе се одржи во Брисел

34
По 9 месеци пауза - Нова рунда од дијалогот Белград - Приштина на високо ниво ќе се одржи во Брисел

  Нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, во која ќе учествуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Куртиќе се одржи денеска во Брисел.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, а во дијалогот ќе учествува и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Учеството го потврдија премиерот на Косово Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Високиот претставник и специјалниот пратеник Мирослав Лајчак ќе имаат одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заедничка трипартитна средба“, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Во соопштението се додава дека средбата ќе биде за оценување на постигнатото во дијалогот под водство на високиот претставник.

По средбата се очекува Борел да им се обрати на медиумите.

Одржувањето нова рунда дијалог беше договорено за време на посетите на Лајчак на Косово и Србија минатата недела.

Во пресрет на новата рунда дијалог во Брисел, Борел изјави дека „вложува напори дијалогот меѓу Србија и Косово да се доведе до оперативно решение“ за имплементација на Охридскиот договор.

Курти и Вучиќ последен пат се сретнаа во Брисел на 14 септември 2023 година.

ПредходнаАмериканскиот суд го ослободи Асанж по спогодбата за признавање вина
СледнаАмериканските претседателски дебати низ годините: гафови, хаос, скандали