дома Култура Со изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ ќе биде отворен фестивалот Скопје Синема...

Со изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ ќе биде отворен фестивалот Скопје Синема Сити

37

Со изложбата насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која се состои од концертни фотографии и архивски материјали, вечер со почеток во 21 часот, во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот Скопје Синема Сити.

– Изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience“ претставува дел од историјата на Влатко видена низ призмата на четворица реномирани фотографи како  Стефан Рајхл, Ангел Ситновски, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, а ќе бидат вклучени и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир Мандичевски – Манде. Како куриозитет ќе бидат изложени и звучниците Legendary на Теохаров аудио, кои се дизајнирани заедно со Влатко, информираат од  Скопје Синема Сити.

Филмскиот дел кој ќе се одвива во Кинотека на Македонија од 1 до 4 јули, ќе биде отворен со „Карлос“, филм  за големиот гитарист Карлос Сантана, додека вториот ден ќе се прикажат филмовите „Ајде да се изгубиме“ за џез трубачот Чет Бејкер и „Џо Страмер: „Иднината е ненапишана“.

– Земја во фокус на фестивалот е Полска, каде ќе бидат прикажани два филма на Грегор Брзозович, кој и ќе биде гостин на фестивалот. Исто така, Скопје Синема Сити ќе додели награда за животно дело на големиот филмски композитор Збигњев Прајснер, соопштуваат од Скопје Синема Сити.

ПредходнаВо Слоештица се одбележаа 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски
СледнаМарк Руте е новиот генерален секретар на НАТО