дома Магазин Шон Пен: Имав 15 мизерни години на сцената

Шон Пен: Имав 15 мизерни години на сцената

41
Шон Пен: Имав 15 мизерни години на сцената

  Шон Пен тврди дека филмот „Милк“ од 2008 година бил „последниот пат кога добро се забавувал“ на снимање филм, како што изјави американскиот глумец во новото интервју за „Њујорк тајмс“.

– Минав 15 мизерни години на снимањата! Се чувствував како глумецот кој има водечка улога, и е познат актер, и е добро платен, и има водечко место во филмот… И мора да се појавиш со енергија и да бидеш телохранител на режисерот на некој начин… „Ги лажирав“ сите тие работи и тоа беше исцрпувачки. Најчесто мислев само на она – „Колку е часот? Кога ќе се симнеме од сценава?“… Бев сигурен дека ова е крај, но не знаев како ќе го одржам сѐ тоа – мојата куќа да продолжи да работи, слободно да патувам и слични работи, ако престанам, рече тој.

Сепак, по бројни несакани улоги, неговата пријателка и колешка Дакота Џонсон, пред година – две, му го испратила сценариото за нивниот нов заеднички филм – „Дадио“. Во филмот глумат само тие двајца, а приказната е за млада жена која се качува во такси за кон аеродром и води разговор што ќе ѝ го промени животот, со „таксистот-мудрец“ од Њујорк.

– Чувствував дека ова може да биде пријатно искуство и оти тоа ќе ми биде важно сега, можеби повеќе отколку во минатото, рече Пен, додавајќи дека сѐ тоа било точно.

Инаку, иако заработи признанија од критиката и неговиот втор „Оскар“ по улогата на јавно декларираниот геј-политичар Харви Милк, Шон Пен вели дека денес не може да глуми во таков филм бидејќи според денешните критериуми, стрејт-глумците кои толкуваат ЛГБТК ликови редовно предизвикуваат контроверзии и премногу жестоки дебати во Холивуд.

ПредходнаИстрагата за смртта на Метју Пери при крај
СледнаНапредок во третманите за епилепсија со длабока мозочна стимулација