дома Балкан Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог

Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог

16

Коментирајќи го почетокот на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел, Брнабиќ за ТВ Пинк рече дека Курти не сака да го спроведе Бриселскиот договор и да формира Заедница на српски општини (ЗСО).

– Мислам дека Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог, нема интерес да направи чекор напред за Србите на Косово и Метохија да ги уживаат основните човекови права и нема намера да формира ЗСО, изјави претседателката на Собранието.

Според неа, Вучиќ не ги избегнува тие средби, колку и да се тешки и непријатни.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел синоќа на прес-конференција по билатералните средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека Курти побарал „формализација на основниот договор, да се отфрли писмото во кое поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, кон средината на декември минатата година изрази резервираност кои се однесуваат на обврските кои произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Република Косово, вклучително и на анексот за неговото спроведување и за испорачување на Милан Радоичиќ на правосудните органи во Приштина“.

ПредходнаИДФ: Нападнавме училиште во кое се криеја терористи
СледнаАлбанија: ИНСТАТ утре ќе го објави бројот на населението, опозицијата обвинува дека доцнењето е поради манипулација, власта дека се е во меѓународни рокови