дома Спорт Де Брујне: Фудбалерите на Белгија дадоа сѐ од себе на сите три...

Де Брујне: Фудбалерите на Белгија дадоа сѐ од себе на сите три натпревари

18

Фудбалерот од средниот ред на Белгија, Кевин Де Брујне се осврна на настапот на неговите соиграчи во групната фаза на Европското првенство 2024.

Белгијците вчеравечер во натпреварот од 3. коло одиграа 0:0 со Украина.

Де Брујне беше прогласен за играч на натпреварот.

– Дадовме сѐ од себе на сите три натпревари. Сите сакаат да победуваат натпревари и ние се обидовме да го направиме тоа на теренот, но не успеа. Имавме тежок почеток на првиот натпревар. Украина е тежок противник, а беа и опасни. Се обидувавме да победиме на овој натпревар и имавме можности да постигнеме гол до 90. минута. Но, не сакавме да ризикуваме, бидејќи знаевме дека можеме да примиме гол и потоа да бидеме елиминирани од турнирот. На еврото понекогаш треба да преземеш одреден ризик, а понекогаш треба да бидеш паметен, а денес сакавме да бидеме токму такви, изјави Де Брујне за сајтот на УЕФА.

Белгија го освои второто место во Е групата со 4 бода и се пласираа во плејофот на турнирот.

Белгијците во 1/8-финалето на ЕП ќе играат против Франција. Натпреварот ќе се одигра на 1 јули во Дизелдорф. зс/

 

ПредходнаМицкоски – Агелер: Зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката
СледнаГасли потпиша долгорочен договор со Алпин