дома Бизнис Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај намалена на месечна основа,...

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај намалена на месечна основа, а зголемена на годишно ниво

19
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај намалена на месечна основа, а зголемена на годишно ниво

 Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 5,49 проценти
и на месечна основа е намалена за 0,02 процентни поени, а на годишно ниво бележи раст од 0,40 процентни поени.

Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка изнесува 1,86 проценти и бележи месечно и годишно зголемување од 0,04  и 0,64 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка изнесува 5,19 проценти и месечен и годишен пад од 0,28 и 0,13 процентни поени, а кај депозитите изнесува 2,36 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,18 процентни поени во услови на годишен раст од 0,43 процентни поени.

ПредходнаФерстапен најбрз на единствениот тренинг пред ГН на Австрија
СледнаВладата на Косово донесе одлука за забрана на ТикТок во јавните институции