Венко Филипче е избран за нов претседател на СДСМ на вонредните и внатрепартиски избори со над 9000 гласа од вкупно излезени 12600 гласачи или 54 отсто од запишаните 23 000.
– СДСМ доби нов претседател. Во една фер и демократска процедура на внатрепартиски избори Социјалдемократите го избраа др. Венко Филипче за претседател на СДСМ. По завршување на гласањето во 20 часот во 77 избирачки места пристигнаа прелиминарните резултати кои се 95 отсто обработени. Од нив Филипче има 9052 гласа, Александар Бајдески 905, Јован Деспотовски 2705 и Славјанска Петровска 190 гласа. Неважечки се 174. Конечните резултати ќе ги објавиме во рок од 48 часа по истекот на рокот за приговори и жалби, изјави претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ Викторија Аврамовска Мадиќ.
Таа се заблагодари до ЦИК, до сите членови на општинските избори, на сите кои се вложиле во овој процес да биде, како што рече, легитимен, демократски и да помине во фер и демократска атмосфера.
Филипче изјави дека СДСМ докажа дека има демократски капацитет и високо ниво на професионализам.
-Ценам дека е спроведен беспрекорен изборен ден и целосно легитимен изборен процес. Сакам да им честитам и на моите сопартијци кои беа дел од оваа изборна трка. Драго ми е што имавме конкурентни избори со повеќе кандидати. Од оваа кампања верувам дека сите научивме по нешто и сечиј придонес беше важен, СДСМ упште еднаш го покажа својот демократски капацитет кој како иден претседател ќе го негувам и унапредувам, рече Филиче упатувајќи благодарност до сите кои гласаа на изборите.
Вети дека ќе направи се за да не ја изневери добиената доверба и на она на што се обврзал.
-Оваа победа за мене претставува огромна одговорност кон вас членовите на СДСМ, кон сите наши граѓани и кон нашата држава. Вечерва во СДСМ победи професионализмот, епматијата, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционира СДСМ. Моја цел е да ги вбризгам во СДСМ принципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот – принципите на заедништво, другарство заемна почит и отворена комуникација, рече Филипче.
Нагласи дека нема време за славење туку дека сега е време за обнова на СДСМ и за многу работа.
-Следи период на реорганизација и реформа согласно моите програмски ветувања со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо ниту лесно, но јас знам дека нема друг начин да ја вратиме довербата кај нашите членови освен да направиме вистински темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме ниту да бидат половични, туку вистински и искрени за да може полека но сигурно да ги освојуваме срцата на граѓаните, рече Филипче според кого ако успеат во тоа само така партијата ќе биде уште посилна и ќе продолжи да биде мотор на општетстевниот напредок.
Тој нагласи дека е време да се стават настрана личните интереси и да се залагаме и носиме одлуки за општо добро.
Вети дека како претседател нема да дели туку ќе обединува, ќе води со пример, силно ќе се спроитистави на оние кои ќе сакаат да ја ослабат партијата на сметка на личниот интерс, дека СДСМ ќе биде приземна, отворена и модерна партија подготвена за претстојните предизвици.
-Многумина сакаа да ја видат СДСМ клекната и поразена. Се надеваа дека партијата нема да опстане и се ситат на изборниот пораз. Ветувам дека ќе го вратиме достоинството на партијата, а на оние кои се надеваат на лоша иднина им порачувам – длабоко ќе се разочараат. Ветувам дека ќе бидеме силна опозиција, ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта и ќе бидеме коректив во општеството. СДСМ бил и ќе биде гласот на разумот, секогаш кога граѓанската волја ќе биде погазена, или се прават штети на држвата. СДСМ секогаш ја одбирала страната на напредокот, на демократијата, на државноста и европските вредности и затоа мора да продолжиме да чекориме по тој пат, мора да се бориме граѓаните да го препознаат тоа во нас, бидејќи тоа ќе значи победа за СДСМ, поирача Филипче.
Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, по објавувањето на изборните резултати од страна на ЦИК и победата на Филипче, рече дека не може да се зборува за избран претседател на СДСМ со 9.000 гласа, кога 10.000 регистрирани членови не гласаа.
Деспотовски побара од ЦИК на партијата да даде одговор на прашањето зошто над десет илјади членовите кои се регистрирале не излегле да гласаат и зошто на членови кои биле уредно регистрирани, не им било овозможено да гласаат на гласачите места. Тој најави дека неговиот тим утре ќе поднесе приговори за констатираните забелешки.
– Не може да зборуваме за избран претседател на партија, кога 10.000 луѓе ни останаа надвор, а притоа имаме избран претседател со 9.000 гласа. Јас им благодарам на сите што денеска излегоа на гласање, но исто така им благодарам на сите што исто така излегоа на гласање и беа вратени од избирачките места, а такви има многу. Додека не одговориме на две прашања во оваа партија, не мислам дека треба да зборуваме за завршени избори. Првото прашање е зошто на тие 11.000 луѓе денеска не им беше овозможено да гласаат, а беа регистрирани и покажаа иницијатива тоа да го направат и второто прашање е што се случи со оние луѓе кои денеска ги вративме од гласање. Членови на СДСМ кои се појавија на избирачките места и не може да гласаат и тоа не се тие малку. Не може СДСМ да си го дозволи ова, доколку навистина сакаме да покажеме дека секој член ни е важен тоа треба да го покажеме, рече Деспотовски.
Во врска со резултатот од денешното гласање, Деспотовски вели дека нема коментар и посочи дека презентирањето пред медиумите дека Филипче е новиот претседател на партијата е некоректно.
– Како другар се радувам за Венко, затоа што ми е другар, но не се радувам за СДСМ. Зградава е празна денеска и тоа не е во ред, тоа треба да каже многу за нас, рече Деспотовски.
Тој истакна дека во текот на изминатиот месец остварени се бројни средби со членови на партијата ширум земјава, кои според Деспотовски веруваат во промената која што ја презентирал.
– Има илјадници луѓе кои веруваат во промената која ја започнавме и таа промена нема да заврши денеска. Бранот е почнат и нема да запре, рече Деспотовски.
Кандидатот за претседател на СДСМ Александар Бајдевски му честиташе на Филипче и порача дека партијата од утре треба да почне со работа.
– Сметам дека од утре треба да почнеме да занимаваме со тоа што ни е работа, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и владата која што ја формираше. Влегов во оваа кампања растерен од многу работи да ја споделам визијата со сите членови. Она што сметам дека требаше да биде е да се одржи Конгресот којшто не се одржа каде ќе се утврдеа причините за поразот на 8 мај, исто така требаше да се затворат некои дилеми во однос на изборите и списоците на нашето членство. Тоа придонесе за ваков мал одзив на изборите, рече Бајдевски.
Поранешната министрека за одбрана ио актуелна пратеничка Славјанка Петровска, на ден пред изборите ја повлече својата кандидатура за претсдетал на партијата. ра/вг/
Фото: СДСМ/МИА