дома Живот Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова...

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста

31
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста

  Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски.

Како што објавија од МЗ Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.

-Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в`година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!, се вели во објавата на Фејсбук на МЗ Галичник. бт/ац/

Фото: МЗ Галичник

ПредходнаНапади со беспилотни чамци врз руското црноморско пристаниште Новоросијск
СледнаЦГК: Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки