дома Бизнис ЕК одобри преземање на дел од сопственоста над ИТА од страна на...

ЕК одобри преземање на дел од сопственоста над ИТА од страна на „Луфтханза“

20

 Европската комисија соопшти дека денеска го одобрила предлогот за заедничка сопственост над италијанскиот авиопревозник „ИТА Ервејс“ (ИТА) од страна на германската авиокомпанија „Луфтханза“ и Министерството за економија и финансии на Италија.   Европската комисија соопшти дека денеска го одобрила предлогот за заедничка сопственост над италијанскиот авиопревозник „ИТА Ервејс“ (ИТА) од страна на германската авиокомпанија „Луфтханза“ и Министерството за економија и финансии на Италија.  

Во моментов ИТА е во стопроцентна сопственост на државата Италија, застапувана од Министерството за економија и финансии.

ЕК во соопштението посочува дека ваквата одлука следи по длабинска истрага на предложената трансакција, при што е утврдено дека иако ИТА денес работи добро, нејзината долгорочната одржливост како самостоен превозник би била „многу неизвесна“ без ова преземање.

Во соопштението се посочува дека „Луфтханза“ и ИТА одржуваат широка мрежа на линии од нивните центри во Австрија, Белгија, Германија, Швајцарија и Италија, кои во значителна мера се комплементарни. Дополнително, „Луфтханза“ соработува со „Јунајтед ерлајнс“ и „Ер Канада“ на линии меѓу Европа и Северна Америка, како и со „Ол Нипон Ервејс“ (АНА) за летови до и од Јапонија.

– За време на својата длабинска истрага, Комисијата обезбеди опширни и повратни информации од учесниците во зделката и другите засегнати страни, вклучително и од ривалските авиокомпании, аеродромите, деловни клиенти, здруженија на потрошувачи и патници, како и од индивидуални потрошувачи, се наведува во соопштението.

Според ЕК, при истрагата постоела загриженост дека влезот на „Луфтханза“ во ИТА би придонел за намалување на конкуренцијата на одреден број линии меѓу Италија и земјите од Централна, како и меѓу Италија и САД и Канада, но би зајакнала и доминантната позиција на ИТА на аеродромот „Милано-Линате“, што може да им отежне на конкурентските авиокомпании да обезбедуваат услуги за патници од и до овој аеродром.

За да се отстрани ваквата загриженост на Комисијата, таа побара од „Луфтханза“ и италијанското Министерство за економија и финансии да им „стават на располагање средства“ на една или две конкурентски авиокомпании за да им овозможат редовни летови меѓу Рим или Милано и одредени аеродроми во Централна Европа, како и да склучат договори со конкурентите за да ја подобрат нивната конкурентност на долги линии. Дополнително, треба да им се овозможат рамноправи услови за слетување и полетување на конкурентските авиокомпании од аеродромот „Милано-Линате“.

Согласно договореното, „Луфтханза“ ќе може да преземе дел од сопственоста врз ИТА дури по исполнување на овие услови.

ПредходнаУделот на БРИКС во глобалниот БДП порасна на рекордни 35,7 отсто
СледнаМелони ги осуди фашистичките испади на сопартијците