дома Балкан Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме

Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме

24

– Предупредувачка порака за интензивни временски појави (град, молњи, невреме) од раните утрински часови до пладне на 4 јули 2024 година. Ограничете ги вашите движења за време на појавите и следете ги упатствата на надлежните, беше пораката испратена до сите оние кои се наоѓаат во Солун, Халкидики, Катерини, Кавала и сл.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас рече дека Комисијата за процена на опасности по одржаниот вонреден останок вчера наутро, информирала за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивна громови во повеќе области во Грција, а според прогнозите, најголеми проблеми ќе има на Халкидики, во Солун, Серес, Кавала во раните утрински часови, а од пладне до вечерните часови невремето ќе се прошири до централна Грција, Атина и делови од Пелопонез.

-За невремето, потребна е голема претпазливост во однос на молњите на копно и море, рече Кикиљас, додавајќи дека жителите и посетителите треба да бидат особено внимателни и со морските бури.

ПредходнаБелорусија стана членка на Шангајската организација за соработка
СледнаПодготвен сум да разговарам за предлогот за распуштање на Судскиот совет и на Советот за јавни обвинители, вели Мицкоски