дома Спорт Неизвесно учеството на Меси во четвртфиналето на Копа Америка

Неизвесно учеството на Меси во четвртфиналето на Копа Америка

37

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони сѐ уште се сомнева во учеството на капитенот на тимот Лионел Меси во четвртфиналниот натпревар на Копа Америка против Еквадор.

– Ќе почекаме неколку часа и ќе донесеме одлука врз основа на неговата состојба. Ќе се обидеме да го натераме да игра, но доколку тоа не се случи, ќе го бараме најдоброто решение за тимот. Денеска ќе разговарам со него. Мислам дека е фер тој да одвои време и да тренира колку што може, изјави Скалони за „Ројтерс“.

Триесет и седумгодишниот Меси кој се здоби со повреда на десната тетива против Чиле, не играше на последниот натпревар од групната фаза против Перу.

Натпреварот меѓу Аргентина и Еквадор ќе се одигра утре, 5 јули, во 3 часот по македонско време.

ПредходнаНово откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење
СледнаЕдерсон ги договори условите со Ал-Наср