дома Спорт Тен Хег го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

Тен Хег го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

22

 Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потпиша нов договор со клубот, објави официјалниот сајт на тимот од „Олд Трафорд“.

Новиот договор со 54-годишниот фудбалски стручњак е со важност до јуни 2026 година.

Претходниот договор на Холанѓанецот истекуваше на крајот од сезоната 2024/25.

Тен Хег е на чело на Манчестер јунајтед од летото 2022 година. Минатата сезона „црвените ѓаволи“ завршија на 8. место во поредокот во Премиер лигата и го освоија ФА Купот.

ПредходнаЗа прв пат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард
СледнаРеал подготвува досега невидено шоу за промоцијата на Мбапе