дома Магазин Џејми Фокс заздравува од мистериозната болест

Џејми Фокс заздравува од мистериозната болест

36
Џејми Фокс заздравува од мистериозната болест

  Џејми Фокс проговори за болеста поради која беше подолго сместен в болница минатата година. Тој притоа го прекинал снимањето на акционата комедија „Враќање во акција“ (Back in Action) во Атланта, САД, што сега е во постпродукција.

Актерот се отвори за својата „медицинска компликација“ и престојот в болница пред група гости во Феникс, Аризона, а разговорот е објавен на „Тикток“. Во видеото, Фокс вели дека сѐ почнало со тешка главоболка, па неговата ќерка и сестра му го однеле на лекар.

– На 11 април лани почувствував страшна главоболка, па побарав „Бруфен“. И, „ме снема“ на 20 дена… Не се сеќавам на ништо… Одеднаш, во Атланта сум, ми рекоа… Сестра ми и ќерката ме однеле на лекар итно. Ми дале таму инјекција, раскажува Фокс.

Еден од лекарите му рекол оти „нешто се случува“ лошо со главата на „оскаровецот“…

– Нема да кажам пред камера. Но, тоа беше…, заврши Фокс.

Не ја откри јавно својата болест, но појасни дека е на пат кон закрепнување. Според западните медиуми, тој, наводно, бил лекуван во „установа за физичка рехабилитација во Чикаго“ специјализирана „за мозочни удари и повреди на мозокот“.

Инаку, во филмот „Враќање во акција“, после неколку години пауза од глумата, се враќа и Камерон Дијаз. Комедијата излегува на 15 ноември, оваа 2024 година. Џејми Фокс годинава е актуелен со пародијата „Ова не е уште црковен филм“ (Not Another Church Movie), којшто досега на ИМДБ има незавидна оценка 2,3 / 10.

ПредходнаДи Каприо откри со кого најмногу уживал да работи
СледнаНајстарата пронајдена слика, од пред 51.000 години, се наоѓа во Индонезија