дома Бизнис Во Брисел денеска се одржува Прв дијалог на високо ниво меѓу Турција...

Во Брисел денеска се одржува Прв дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ, посветен на трговија

22
Во Брисел денеска се одржува Прв дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ, посветен на трговија

  Првиот дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ за трговски прашања ќе се одржи денеска во Брисел. Со него ќе копретседаваат министерот за трговија Јомер Болат и потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис, јави Анадолија.

Болат и Домбровскис претпладне ќе се сретнат на тркалезна маса со претставници на ЕУ и турската бизнис заедница, а попладне ќе се одржат меѓувладини средби.

За напредокот на билатералните и трговските прашања за соработка, вклучително и зелената и дигиталната агенда, ќе се разговара во рамките воспоставени на состанокот на работната група за трговија, одржан во октомври 2023 година.

Предвидени се и разговори за продлабочување на трговско-економската соработка меѓу Турција и ЕУ. Трговскиот дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ беше меѓу препораките во заедничката декларација за актуелната состојба на политичките, трговските и економските односи меѓу Турција и ЕУ во ноември 2023 година, и беше одлучено првиот состанок во рамките на овој механизам да се одржи на 8 јули 2024 година.

ПредходнаМакрон одби да и се обрати на нацијата по вториот круг од парламентарните избори
СледнаПораз на Ле Пен на изборите во Франција