Тамара Тодевска и Влатко Илиевски / Фото: Принтскрин / Инстаграм
Македонскиот пејач Влатко Илиевски на 2 јули требаше да го прослави својот 39. роденден, но животот на нашата рок-ѕвезда згасна прерано.
Неговите колеги и пријатели преку социјалните мрежи знаат да споделат фотографии од убавите дружења и настапи со Влатко, кои засекогаш ќе останат во нивните срца како спомени.
Меѓу нив е и Тамара Тодевска која никогаш не ја прежали смртта на својот најдобар другар. На шестгодишнината од неговата смрт, таа на социјалните мрежи сподели заедничка фотка со емотивна порака. Пејачката избра фотографија која е направена на еден од нивните настапи.
„6 години непребол. 6 години без мојот најдобар другар. Влатче, очајно си ми потребен“, напиша таа.
Да потсетиме, Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018 година, на само 33 години. Тој беше познат како „рокерот со мека душа“ и неговата смрт многумина ги остави во неверување. Со неговото заминување, македонската сцена загуби уште еден голем талент и одличен музичар.