Се вади речен нанос од коритото на Луда Мара во Кавадарци, на терен се работници на јавното претпријатие „Комуналец” и механизација со која се отстранува наносот од реката.
– На лице место се ангажирани неколку лица со два скипа и два камиони кипери. Досега се извадени околу 200 кубни метри песок и се очекува во наредните два дена да се извадат уште толку, појасни за МИА, Гоце Ангеловски, директор на комуналното претпријатие.
Тој нагласи дека редовно се вади наносот од реката, чиј кеј е омилено место за прошетка на кавадарчани, но и на оние кои доаѓаат да го посетат градот Кавадарци.