ОН: Болницата лекуваше деца заболени од рак
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги опиша ракетните напади како „особено шокантни“, вели неговиот портпарол Стефан Дужарик. Комесарот за човекови права на ОН, Фолкер Тирк, соопшти дека во болницата се лекуваат деца заболени од рак. „Меѓу жртвите беа најтешко болните деца во Украина“, рече тој. Тим на ОН непосредно по нападот забележал дека третманите за рак продолжуваат во парковите и улиците. „Ова е одвратно“, рече Тирк, кој бара нападите веднаш да престанат.Тој повика тие да бидат истражени „веднаш, темелно и независно“ и виновниците да бидат повикани на одговорност.
Советот за безбедност на ОН сака да дискутира за нападите на итен состанок кој го побараа Франција и Еквадор. Со оглед на тоа што Русија има право на вето во Советот за безбедност, не се очекува едногласна осуда на акциите на руските вооружени сили.
Потрагата по жртви продолжува
Во меѓувреме, во оштетената детска клиника во главниот град на Украина продолжија спасувачките активности. Стотици локални жители им помогнаа на пожарникарите во потрагата по жртви и во расчистување на урнатините. Ракетните напади врз Киев и Дњепар во понеделникот се најлошите во последните неколку месеци. Според наводи на претседателот Володимир Зеленски, загинале вкупно 37 лица, а повредени се 170, меѓу кои 13 деца.