дома Бизнис Италија планира да потроши 7,5 милијарди евра за нови ловци „Јурофајтер“

Италија планира да потроши 7,5 милијарди евра за нови ловци „Јурофајтер“

35

  Италија планира да потроши малку под 7,5 милијарди евра во следните 11 години за 24 нови ловци „Јурофајтер“ (Eurofighter), според документ на Министерството за одбрана, во кој имаа увид западни медиуми.

Италија планира да потроши 7,5 милијарди евра за нови ловци „Јурофајтер“Во краткото известување до италијанскиот парламент, министерот за одбрана Гвидо Крозето поднесе нацрт-резолуција со која бара одобрение за „набавка на 24 авиони Ф-2000 и техничко-логистичка поддршка на целата флота“.

F-2000 е официјалната ознака за мултинационален тип. Не беа дадени дополнителни детали за временските рокови или буџетите за испорака.

Според медиумите, нарачката ќе ги обнови италијанските воздухопловни сили, имајќи предвид дека постојните ловци „Јурофајтер“ и „Торнадо“ (Tornado) ќе бидат повлечени од употреба во време кога трошоците за одбрана на НАТО членките се зголемуваат поради зголемената геополитичка несигурност.

Двомоторните супериорни ловци „Јурофајтер Тајфун“ (Eurofighter Typhoon) се произведуваат од германско-британско-италијанско-шпанскиот конзорциум, претставуван од компаниите „Ербас“ (Airbus), британската компанија за одбранбена техника „БАЕ Системс“ (BAE Systems) и италијанската компанија „Леонардо“ (Leonardo).

Имајќи предвид дека нарачката ќе биде направена од италијанските воздухопловни сили, „Леонардо“ ќе биде назначен за главен изведувач.

Авионите ќе заменат 26 ловци кои Италија планира да ги повлече од употреба по 2028 година, а договорот ќе обезбеди и техничка поддршка за авионите и обука на персоналот.

До средината на август, соодветните парламентарни комисии треба да дадат мислење за програмата за набавка, претставена минатата недела од италијанската влада, што ќе го отвори патот за конечно одобрување.

Минатиот месец Германија исто така објави дека ќе купи уште 20 ловци „Јурофајтер“. Во моментов, „Луфтвафе“ (воздушните сили на Германија) располагаат со 138 такви авиони.

„Новите технологии со кои располагаат конкурентите значат дека воздушната супериорност, клучен елемент за контрола на воздушниот простор, не може да се зема здраво за готово, а во некои ситуации може дури и да не биде достижна“, се наведува во документот.

Нарачката ќе и овозможи на Италија да премине од „Јурофајтер“ на новата програма Global Combat Air, во која Рим учествува заедно со Велика Британија и Јапонија, за развој на нов напреден ловец, кој се очекува да полета до 2035 година.

ПредходнаНетанјаху објави листа на барања за кои нема преговори со Хамас
СледнаНовинарка поднесе оставка затоа што поставувала прашања што и ги дава тимот на Бајден