дома Свет Галант: Шеесет отсто од терористите на Хамас се убиени или ранети

Галант: Шеесет отсто од терористите на Хамас се убиени или ранети

20
 Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) убиле или раниле 60 отсто од терористите на Хамас и дека повеќето од баталјоните на исламистичката организација се разбиени.

Галант го даде коментарот денеска пред Парламентот, јавија израелските медиуми.

Израел го најави целосното уништување на Хамас како воена цел по масакрите извршени од Хамас и другите екстремистички групи на 7 октомври.

Галант повика на создавање политичка алтернатива за владеењето на Хамас во Појасот Газа. Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху досега одбиваше да претстави план за администрација и обнова на Газа по завршувањето на војната.

ПредходнаСтармер: Безбедносен договор меѓу Велика Британија и ЕУ ќе биде од корист и за НАТО
СледнаИнститут за хуманистички науки: Западен Балкан да го искористи моментот за евроинтеграции