дома Спорт Кејн за ван Дајк: Сакам да играм против најдобрите играчи во светот

Кејн за ван Дајк: Сакам да играм против најдобрите играчи во светот

21

 Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн искажа пофални зборови за холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк во пресрет на нивниот дуел во полуфиналето на Евро 2024.

– Со текот на годините во Саутемптон и Ливерпул одигравме многу големи натпревари и имавме добри средби. Некогаш тој ја добиваше битката, некогаш јас. Ќе биде тежок натпревар. Ќе се подготвам да му ги отежнам работите, а тој ќе го направи истото за мене. Сакам да играм против најдобрите играчи во светот, изјави Кејн, за „Sky Sports“.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Холандија и Англија во полуфиналето на Европското првенство ќе се одигра вечер во Дортмунд со почеток во 21 часот.

Прв финалист е репрезентацијата на Шпанија која синоќа ја совлада Франција со 2:1.

ПредходнаМојсов: Можеме да поминеме неколку кола во Конференциската лига
СледнаМбапе: Евро е неуспех за нас, јас играв слабо