Во полуфиналето на турнирот кој се игра во САД, Аргентинците ноќеска ја победија репрезентацијата на Канада со резултат 2:0. Средбата се одржа на стадионот Медоулендс во Ист Радерфорд.
– Ова што репрезентацијата на Аргентина го направи и продолжува да го прави е лудо. Импресивно е што репрезентацијата и нејзината стара гарда стигнаа до уште едно финале. Овој Куп на Америка е исклучително тежок, огромно натпреварување, лоши терени, интензивна жештина, изјави Меси за „ESPN“.
Меси беше прогласен за најдобар играч на полуфиналниот натпревар од Купот на Америка помеѓу Аргентина и Канада. Триесет и седумгодишниот напаѓач постигна гол на овој натпревар во 51. минута.
Противник на Аргентина во мечот за трофејот ќе биде поуспешниот од дуелот Уругвај – Колумбија (почеток 2 часот по полноќ).