дома Балкан Османи се координира со Рама за „Косово да се приклучи кон Албанија...

Османи се координира со Рама за „Косово да се приклучи кон Албанија и другите сојузници“ во НАТО

20

Косовската претседателка, Вјоса Османи денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, со кого, како што соопшти кабинетот на Османи, ги координирале позициите и напорите за членство на Косово во НАТО.

Како што пренесува МИА, Османи и Рама разговарале за важноста од придвижување на Косово на евроатлантскиот пат, а особено за неопходните чекори кон членството во НАТО, „како витална алијанса за безбедноста и мирот во нашиот регион и пошироко“.

– Претседателката Османи истакна дека оваа средба служи за координирање на нашите заеднички позиции и напори за што поскоро Косово да се приклучи на Албанија и другите сојузнички земји како полноправна членка во НАТО, каде што и припаѓа, се вели во соопштението.

ПредходнаИнститут за хуманистички науки: Западен Балкан да го искористи моментот за евроинтеграции
СледнаПоради климатските промени, цените на кафето ќе продолжат да се зголемуваат