Чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, го повика рускиот амбасадор на разговор по нападот на детска болница во Украина, во кој загинаа најмалку 31 лице.
„Одлучив да го повикам рускиот амбасадор. Убиците кои напаѓаат деца во болници се дното на човечкото општество. Нему му е наредено да ја пренесе пораката во Москва“, објави Липавски на социјалните мрежи.
Русија не ја признава одговорноста за нападот, тврдејќи дека станува збор за украинска ракета. Властите во Киев, од друга страна, тврдат дека истрагата ќе покаже дека нападот го извршила Русија.