Сопствениците на пабови во Велика Британија предвидуваат голема заработувачка в недела за време на одржувањето на финалето на Европското првенство во фудбал меѓу Англија-Шпанија во Германија, бидејќи очекуваат голем број навивачи и голема продажба на пиво.
Се очекува огромна продажба на пиво и профит од околу 48 милиони фунти (57 милиони евра).
Покрај пивото, се очекува и голема продажба на безалкохолно пиво.
Угостителскиот сектор во Велика Британија очекува колосална добивка од 800 милиони фунти (952 милиони евра) во текот на целото траење на Европското првенство, кое завршува в недела со натпреварот Англија-Шпанија.