дома Бизнис Продадени рекордни 8.6 милиони билети за Игрите во Париз

Продадени рекордни 8.6 милиони билети за Игрите во Париз

23

  Олимписките игри (ОИ) во Париз веќе поставија нов рекорд со продадени: 8,6 милиони билети на две недели пред официјалното отворање.Продадени рекордни 8.6 милиони билети за Игрите во ПаризПретходниот рекорд од 8,3 милиони продадени билети го држеше Атланта, која беше домаќин на Игрите во 1996 година.
„Имаме 8,6 милиони продадени билети за Олимпијадата, плус еден милион влезници за Параолимписките игри“, објави шефот на Организацискиот комитет на Игрите во Париз, Тони Естанге.
Организаторите на Олимпијадата во Париз планираат да продадат 10 милиони билети за Игрите, кои ќе траат од 26 јули до 11 август, како и 3,4 милиони влезници за Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. ег ФОТО: Икс

ПредходнаСити пред Реал и Баерн, Шкендија најдобро пласиран македонски клуб
СледнаДи Марцио тврди: Болоња заинтересирана за Миовски