дома Црна хроника СВР Скопје го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче...

СВР Скопје го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

37

 СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 4 јули беше  пријавено дека во индустриска зона Ќојлија, во близина на Меѓународен аеродром Скопје, избувнал пожар на плац од агенција за рент-а-кар, во кој со изгореници по телото се здобил Б.А. (24) од Скопје, по што на 7-ми месецов, како последица на изгорениците Б.А. починал.

СВР Скопје го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од СкопјеОд МВР соопштија дека се повикани на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки, при што е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот,

-Според пријавата од Б.А.,тој наводно бил насилно пренесен од две лица со возило од нас.Ченто до Ќојлија,а таму наводно го натерале да се самозапали. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот. Извршен е увид на местото на настанот, при што се подигнати материјални траги, за кои се изготвени соодветни вештачења, а обезбедени се и видео записи од безбедносни камери, повикани се на разговор повеќе лица, едно лице е лишено од слобода, како и други оперативно тактички мерки, при што е утврдено дека Б.А. доброволно отишол на местото на настанот, велат од МВР.

Како што потенцираат, Б.А. со запалива течност го полеал контејнерот на агенцијата и го запалил, при што од настанатата експлозија, кај него настанале повреди по телото-изгореници, од кои на 7 јули оваа година тој починал.

Со ова, велат од МВР, е констатирано дека првичната изјава која Б.А. ја дал на полициските службеници,  дека наводно истиот бил киднапиран од две лица и насилно пренесен со возило до местото на настанот и притоа истите наводно го натерале да се полие со запалива течност и да се самозапали, не е точна.

-Од страна на СВР Скопје случајот е расчистен и поднесено е известување до ОЈО Скопје, се вели во соопштението на МВР.

ПредходнаИзгласани заклучоците по извештајот за работата на ДКСК: Позитивна оценка за активностите на Комисијата, неопходно зголемување на кадровската екипираност
СледнаГерманија ќе го забрани Хуавеј