дома Бизнис УЈП: Граѓаните – закуподавачи да го пријават доходот од закуп или подзакуп...

УЈП: Граѓаните – закуподавачи да го пријават доходот од закуп или подзакуп на недвижен имот

35

 

Доходот кој го остварувате по основ на издавање во закуп или подзакуп на станбени простории, соби, апартмани, простории за одмор и рекреација (викендици), гаражи и сл. непосредно или преку AirBnb , Booking.com, FB, Кајак и други платформи подлежи на оданочување со данок на личен доход и истиот треба да се пријави во Управата за јавни приходи преку системот „еДаночни услуги“.

Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот што сте го оствариле.
Висината на нормираните трошоци со кои може да го намалите остварениот доход изнесуваат:
– 10% од износот на доходот (за неопремен простор)
– 15% од износот на доходот (за опремен простор)

Пријавувањето на доходот од издавање во закуп или подзакуп на недвижен имот на друго физичко лице, задолжително се врши до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е даден во закуп или подзакуп со поднесување на Електронска пресметка (е-ППД) и докази преку системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk

Корисни информации:
– За повеќе информации контактирајте нè преку Инфо центарот 0800 33 000 или во
Регионалните дирекции/Даночните одделенија на Управата за јавни приходи.
– Брошура за оданочување на доход од закуп и подзакуп
http://ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1048/08-
20_1_Brosura_odanocuvanje_na_dohod_od_zakup_i_podzakup_02.01.2024.pdf
Доколку сеуште не сте регистрирани на системот е-Даночни услуги e-ujp.ujp.gov.mk сторете го тоа
уште сега.
Следи го овој  линк за постапката за регистрација на е – Даночни услуги.

ПредходнаФилмот „Бизнисот на задоволството“ пред уругвајската публика
СледнаFinance Think: Повеќе од петина од сработената работа не е пријавена