Спринт трки во должина од по 100 километри ќе се возат во саботите, ден пред главните трки во Кина, Мајами, Белгија, Остин, Бразил и Катар.
Првата спринт трка ќе се вози во Кина, каде Ф1 викендот е планиран од 21 до 23 март 2025 година.
„Спринтот беше огромен успех за Формула 1, носејќи им на нашите навивачи повеќе акција и трки на патеката. Доказот за тоа гледаме во нашите податоци, присуството на навивачите во петок и податоците од промоторите и партнерите. Додека се подготвуваме да ја прославиме нашата 75-годишнина, ние секогаш ќе ја почитуваме нашата неверојатна историја, но мораме секогаш да гледаме напред, да иновираме и подобруваме за да испорачаме најмногу за нашата растечка и разновидна база на навивачи“, рече директорот на Формула 1, Стефано Доменикали. ег ФОТО: Фејсбук