дома Свет Амнести интернешнал повика на прекин на огнот во Појасот Газа

Амнести интернешнал повика на прекин на огнот во Појасот Газа

20
Амнести интернешнал повика на прекин на огнот во Појасот Газа

  Организацијата за човекови права Амнести интернешнал денеска повика на прекин на огнот во Појасот Газа и апелираше до Хамас да ги ослободи израелските заложници.

„Прекинот на војната од сите страни е најитниот чекор за да се олесни масовното страдање, да се спречи понатамошна загуба на животи и да се обезбеди заштита на сите цивили“, се вели во соопштението на Амнести интернешнал.

Групата, исто така, ги повика Хамас и другите вооружени групи „веднаш да ги ослободат цивилните заложници во Газа“ и посочи дека киднапирањето заложници е воено злосторство, пренесува Ал Џезира.

„Оние кои се уште се живи поминаа повеќе од девет месеци како заложници, далеку од своите најблиски. Не може да има никакво оправдување за нанесување таква траума и страдање на нив и нивните семејства“, рече директорката за истражување, застапување, политика и кампањи на Амнести Интернешнл, Ерика Гевара-Росас.

ПредходнаПентагон соопшти за нов разговор меѓу министрите за одбрана на САД и Русија
СледнаСписокот на демократски конгресмени кои повикаа Бајден да се откаже од изборите се зголемува