Доналд Трамп е безбеден, соопштија денеска американската тајна служба и тимот на неговата кампања, откако на митинг на републиканскиот претседателски кандидат во Пенсилванија одекнаа повеќе истрели. На видео објавено од американските медиуми се гледа крв во пределот на десното уво на Трамп.
Поранешниот претседател штотуку го започна својот говор во Батлер, Пенсилванија кога одекнаа истрели. Агентите на Тајната служба втурнаа околу него, а видеото во живо покажа крв на десната страна од лицето и увото на Трамп.Трамп беше веднаш евакуиран од бината.
https://x.com/Acyn/status/1812249329203286464
https://x.com/Acyn/status/1812249329203286464
Трамп покажуваше табела со бројот на луѓе кои ја преминале границата кога се случи инцидентот. Бил забележан како ја пружа десната рака до вратот.
Трамп постојано ја креваше тупаницата во воздух, а зад него беше видливо американско знаме, додека обезбедувањето го оддалечуваше.
Се верува дека едно лице е мртво, објави WTAE филијалата на ABC во Питсбург, цитирајќи го окружниот обвинител на округот Батлер Ричард Голдфингер.
„Тајната служба спроведе заштитни мерки и поранешниот претседател е безбеден“, објави портпаролот на агенцијата на X по, како што го нарече – инцидентот. „Ова сега е активна истрага на Тајната служба и дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни“.
Си-Ен-Ен објави дека Трамп е пренесен во болница, но не даде други детали.
Полициската управа на Њујорк го засили своето присуство во и пред кулата Трамп и други чувствителни локации. Според портпаролот на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, градоначалникот бил информиран за инцидентот. Полицијата исто така, ќе ја зголеми безбедноста на Вол Стрит, Фоли Сквер и Градското собрание.
Кулата Трамп на Менхетен веќе е под надзор на Њујоршката полиција, иако Трамп ретко ја посетува својата поранешна резиденција. Со текот на годините, кулата Трамп служеше како место за собирање на поддржувачите и противниците на поранешниот претседател.
Портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чеунг, објави дека поранешниот претседател на САД „е добро“.
„ Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите што реагираа со брза акција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и е на преглед во локалната медицинска установа. Повеќе детали ќе следат“, се вели во соопштението на Чеунг.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, објави соопштение по инцидентот на митингот на поранешниот претседател Трамп, нагласувајќи: „Згрозен сум од она што се случи на митингот на Трамп во Пенсилванија и добро е што поранешниот претседател Трамп е безбеден. Политичкото насилство нема место во нашата земја“.