дома Спорт Де ла Фуенте стана еден од тројцата најстари тренери кои освоија евро

Де ла Фуенте стана еден од тројцата најстари тренери кои освоија евро

19

Репрезентацијата на Шпанија синоќа ја победи Англија (2:1) во финалето на Евро 2024 година. Де ла Фуенте го освои Европското првенство со 63 години и 23 дена.

Само неговиот сонародник Луис Арагонес (Шпанија, ЕП 2008), кој го освои трофејот со 69 години и 337 дена, и Германецот Ото Рехагел (Грција, Еуро 2004, 65 години и 330 дена) беа постари од шпанскиот селектор.

Де ла Фуенте ја предводи репрезентацијата од јануари 2023 година. Пред тоа беше тренер на Алавес, Атлетик и шпанските младински тимови.

ПредходнаМеси се повреди и не го доигра во финалето на Копа Америка
СледнаНа Финалисима 2025 година ќе играат репрезентациите на Шпанија и Аргентина