дома Спорт Милер стави крај на репрезентативната кариера

Милер стави крај на репрезентативната кариера

17

– Отсекогаш сум бил многу горд што играм за мојата земја. Заедно славевме, заедно леевме солзи. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и репрезентативци. Ви благодариме за овие години, рече Мулер на својот канал на „YouTube“.

Триесет и четиригодишниот Милер за националниот тим игра од 2010 година, одигра 131 натпревар и постигна 45 голови. Фудбалерот учествуваше на четири европски и четири светски првенства.

Во 2014 година заедно со Германија го освои светскиот шампионат.

На Евро 2024, репрезентацијата на Германија загуби од Шпанија (1:2) во четвртфиналната фаза.

ПредходнаДи Марија: Сонував да ја напуштам репрезентацијата на ваков начин
СледнаТројца навивачи на Англија добија отказ на работа поради нивното заминување на финалето на ЕП 2024