дома Спорт Тројца навивачи на Англија добија отказ на работа поради нивното заминување на...

Тројца навивачи на Англија добија отказ на работа поради нивното заминување на финалето на ЕП 2024

17

 Тројца навивачи на Англија се отпуштени од своите работни места откако се упатија кон финалето на Европското фудбалско првенство 2024 во Берлин, пишува „The Sun“.

Како што забележува британскиот медиум, станува збор за татко и два сина кои работеле како инженери во Бирмингем. На пат кон германската престолнина добиле мејл од претпоставените, во кој пишувало дека им се раскинуваат договорите. Компанијата истакна дека им требаат „посветени“ вработени.

– Ова е шанса еднаш во животот. Ризикувавме сè, рече еден од мажите.

Селекцијата на Англија загуби од Шпанија во решавачкиот натпревар на Европското првенство со резултат 1:2. Англичаните вторпат по ред загубија во финалето на еврото.

ПредходнаМилер стави крај на репрезентативната кариера
СледнаРистовски: Нова фирма ќе го гради затворениот базен во Охрид, следува ревизија и одговорност