Судењето, кое не е отворено за јавноста, се одржува во Екатеринбург, градот каде Гершкович беше уапсен додека бил на службен пат.
На првото рочиште минатиот месец, судот второто го закажа за средината на август. Меѓутоа, адвокатите на Гершкович поднесоа барање второто рочиште да се одржи порано, објавија денеска руските медиуми, повикувајќи се на судски претставници.
Работодавачот на Гершкович и американски официјални лица изјавија дека „судењето е наместено и нелегитимно“